Пронајден огромен уникатен дијамант од 190 карати

Дијамант од 190,77 карати е пронајден во руско-сибирската федерална единица Јакута, соопшти водечкиот светски производител на дијаманти „Алроса“. Според анализите, дијамантот можел непречено да остане во природата две милијарди години. Натамошните испитувања ќе ја потврдат неговата точна старост.

Огромниот дијамант е испратен на детаљни анализи и прелиминарно вреднување.

„Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова година е вистински подарок“, рекол заменик генералниот директор на „Алроса“, Јевгениј Агуреев.

Тој додал дека природата оваа година била многу дарежлива, со исклучителни изненадувања, како на пример дијамант во облик на срце, кој компанијата го открила еден ден пред Свети Валентајн.

Scroll to Top