Пронајдени две скриени страници во дневникот на Ана Франк

Со помош на нови техники за дигитална обработка на фотографии, експертите успеаја да прочитаат две скриени страници од дневникот на Ана Франк. На страниците откриле дека се испишани непристојни шеги и објаснувања за сексот и проституцијата. Ана овие две страници од својот дневник ги прекрило со кафеава заштитна хартија, пренесува „Би-би-си“.

„Ќе ја искористам оваа страница за да напишам непристојни шеги“, напишала Ана на 28 септември 1942 година и испишала четири такви шеги.

Освен тоа, пишувала и за сексуалното образование, а ги споменала и проститутките наведувајќи дека за нив чула од својот татко.

Scroll to Top