Пронајдени костури на 140 деца во гробница во Перу

Археолозите пронашле докази за најголемиот случај на жртвување на деца на локација во северен Перу, пишува „Нешнел џиографик“. Експертите кои раководеле со ископувањето откриваат дека на местото Лас Љамас се пронајдени костури на 140 деца кои имале помеѓу 5 и 14 години, кога биле церемонијално жртвувани пред 550 години.

На истото место се пронајдени и коски од животни, 200 млади лами кои очигледно биле жртвувани истиот ден. Гробницата се наоѓа во близина на денешниот град Трухиљо.

Анализите покажуваат дека децата и животните биле жртвувани со верување дека тоа ќе ги смири поплавите, кои во тој период биле разорни.
Scroll to Top