Пронајдени телата на близначките во Грција, ги нашле прегрнати со баба им и дедо им

Вчера во Грција беа идентификувани телата на деветгодишните близначки Софија и Василики, кои беа пронајдени во прегратките на баба им и дедо им. Родителите по нив трагаа од понеделникот, по катастрофалниот пожар во oколината на Атина, во кој загинаа над 80 лица, а 150 се повредени.

Семејството ангажираше приватен истражувач, кој потврди дека во Институтот за судска медицина биле идентификувани телата на деветгодишните Василики и Софиа Филипопулу. На близначките и нивните баба и дедо им се изгуби секаква трага по пожарот. Тие избегале кога огнот се приближил до нив. Нивниот татко веруваше дека ги видел на една снимка иако видеото е нејасно, бидејќи е направено навечер во Луци Рафина на еден брод.

Во Институтот за судска медицина, по барање на вештаците, мајката на девојчињата и роднини однесоа облека и играчки од близначките за да се земе дополнителен генетски материјал.

Scroll to Top