Пронашла паричник со 2 илјади евра, го вратила и не сакала награда

By

18-годишната Исидора Стојановиќ, ученичка од 4-та година гимназија во Петровац  во Црна Гора пронашла паричник на улица, кој како што изјавила го однела во полициската станица. Настанот се случил  во нејзиното училиште за време на  крводарителска акција.

„ Кога завршивме, се почестивме, а потоа поминавме покрај автобуската станица со автомобилот. Го видов паричникот и ги замолив моите пријатели да застанат. Излегов и го зедов паричникот, не погледнав колку пари има, но веднаш отидов во полициската станица со него. Во него имаше многу пари“, раскажува Исидора.

Во полицијата подоцна и кажале дека покрај тие банкноти, имало уште 2.000 евра

„ Не сакав ниту да го отворам паричникот. Ова е веројатно прашање на воспитување. Никогаш не помислив да го земам и да го одведам дома. Дури и да сторев, ќе се вратив дома и ќе размислував за тоа. Ќе ме гризеше совест.“,  вели Исидора кој била повикана од полициската станица после еден час, велејќи и дека луѓето кои го изгубиле својот паричник дошле да го пријават неговото исчезнување.

„Полицијата ми рече дека е пронајден паричникот и дека овие луѓе сакаат да ме запознаат и да ми се заблагодарат. Кога дојдов, ми рекоа дека сакаат да ме почестат, да ми дадат 10 проценти од пронајдената сума, бидејќи тоа е законски, но се срамев да ги земам“, наведува девојката.

Исидора вели дека паричникот кој пронашла е на странски  пензионери кои живеат во Франција.

Ќе ви се допадне