Прослава во Прага по повод 115 години од основањето на „Харли-Девидсон“

By

Денеска во Прага, повеќе од десетина илјади моторции се собраа со цел да ја одбележат 115 годишнината од основањето на најпознатиот американски производител на мотори „Харли-Девидсон“.

dobivaj vesti na viber

Во Прага се наоѓа најстариот 90-годишен „Харли-Дејвидсон клуб“, па токму чешкиот град е одбран за место каде се одржува прославата на годишнината.

Во Чешка се одржа најголемиот собир на моторциклисти во светот, дури и повеќе од матичниот Милвоки, каде организаторите најавија слична забава која треба да се случи во август.

Настанот е планирано да се одржи четири дена и истиот ќе биде исполнет со многу музика, мотори и чешко пиво. Досега се собрани повеќе од 60.000 моторџии и 40.000 гости од повеќе од 70 земји.

 

Околу 4.000 моторџии, избрани на лотарија и облечени во кожа, тексас и заштитни шлемови од сите видови, парадираа низ центарот на градот.

„Овој бренд е навистина голем за толку многу луѓе низ целиот свет”, вели Карен Дејвидсон, правнука на еден од основачите.

Европа изминативе години стана важна за „Харли-Дејвидсон“, веќе доминантен играч на пазарот за мотоцикли во САД. Во 2017 година, компанијата продаде речиси 40.000 нови мотоцикли во Европа.

Ќе ви се допадне