Прототипот од ракетата на вселенска компанија „Спејс икс“ по слетувањето експлодира

Прототип од ракетата на американската вселенска компанија „Спејс икс“ успешно се приземји во американската сојузна држава Тексас по пробниот лет.

Набргу по слетувањето, леталото експлодирало откако претходно бил забележан пожар, јавува Би-би-си.

Според истиот извор, прототипот на ракетата „Спејс икс старшип СН 10“ успеал да се приземји по успешното лансирање од Тексас и летањето на голема висина за разлика од претходните проекти „СН 8“ и „СН 9“.

Scroll to Top