Токио постави целосно проѕирни јавни тоалети по своите паркови. Тоалетите се дизајнирани од архитектот и добитник на Прицкерова награда Шигеру Бан и од десетина други водечки дизајнери. Направени се од обоено „паметно стакло“ кое станува непровидно кога тоалетот е зафатен.
Високотехнолошките тоалети засега ги има на пет локации во населбата Шибуја како дел од проектот „Токиски тоалети“, а во лан е да се постават на уште 17 места.
„Постојат две грижи околу јавните тоалети, особено оние поставени во паркови. Првата е дали се чисти, а втората е дали некој чека скриен внатре“, велат од непрофитната фондација „Нипон“, која стои зад проектот.
Тоалетите во живи бои се добро осветлени и проѕирни кога се празни, но благодарение на нова технологија, внатрешните стаклени ѕидови стануваат непровидни кога вратата ќе се заклучи.
„Ноќе, тие ги осветлуваат парковите како убави фенери“, додаваат од „Нипон“.