Лорд Ивар Монтбат, член на кралското семејство во Британија, наскоро ќе се венча со својот долгогодишен
партнер Џејмс Којл. Ова ќе биде првата геј свадба во кралското семејство во Британија. Ова е втора свадба на Лорд Монбат. Тој неколку години бил во брак од кој има три ќерки.
Како што пишуваат британските медиуми, до олтарот каде што ќе го чека идниот маж ќе го однесе неговата бивша жена Пени.
„Навистина сакав да го направам ова, особено поради Џејмс, кој не бил во брак. За мене бракот е важна работа бидејќи бев во еден во кој добив прекрасни деца, но инситирам на ова бидејќи мислам дека и нему му е многу важно. Џејмс немал стабилен живот како мене, затоа сакам тоа да му го овозможам“, рекол во интервјуто за „Дејли мејл“.
Венчавката ќе се одржи во приватна капела на селскиот имот на лордот Монтбат. Тој открил дека неговите три ќерки се многу весели.
„Кога на својата најстара ќерка Ели ѝ спомнав венчавање, рече: ‘Тато не се грижи, не е тоа веќе така скандалозно. Денеска тоа е сосема нормално“, рекол лордот.