Првата геј венчавка во затвор

Двајца хомосексуалци се венчаа во затвор во Кипар. Кеворк Тонтајн и Вемсон Габрал да Коста, со потекло од Бразил, станаа првите хомосексуални затвореници кои се венчале во земја членка на Европската унија, каде православната црква и понатаму има силно влијание, пренесуваат медиумите.

Тие се запзнале за време на лотарија која затворските власти повремено ја организираат меѓу затворениците. Тонтајн, поранешен зависник од дрога, пред две години излегол од затвор, но намерно сторил кривично дело, за да му се врати на партнерот.

Управата на затворот на двојката им дозволила да учествуваат и на геј парадата. Двојката дели иста ќелија во затворот.

„Се охрабривме да прашаме за дозвола да се венчаме. Љубовта не е срам“, изјавил Тонтјан.

Геј двојките на Кипар ги имаат исти права како и хетеросексуалните лица, освен што не можат да посвојуваат деца.

 

 

Scroll to Top