Првата поштенска марка на светот се продава за осум милиони долари

Првата поштенска марка на светот, издадена во 1840 година, на 7 декември ќе се продава на аукција и се очекува да се постигне цена од осум милиони долари. Марката со номинална вредност од едно пени, на која е профилот на кралицата Викторија, е позната и како „Пени Блек“.

„Ова е првата марка воопшто, претходник на сите поштенски марки и најважното парче од филателистичката историја што постои. Иако има многу важни поштенски марки во јавни и приватни збирки ширум светот, ова е марката што го започна поштенскиот систем каков што го знаеме“, вели Хенри Хаус, шефот на продажба во „Сотбис“, кој ја организира аукцијата.

Ова е една од трите „Пени Блек“ марки од првиот тираж за кои се верува дека се зачувани. Другите две се изложени во Британскиот поштенски музеј.

Scroll to Top