Првоаприлска забава со „Тропико бенд“ во „Дежа ву“

Српската група „Тропико бенд“ на први април ќе одржи концерт во кафулето „Дежа Ву“ во Ист Гејт Мол во Скопје. Организаторите најавуваат одлична забава под маски со најголемите хитови на Сале Тропико и неговиот бенд. „Све моје зоре“, „Метар одавде“, „Ако ти је до мене“, „Само иди“ се само дел од песните што ќе ги испеат пред скопската публика.

Забавата ќе почне во 17:00 часот, организаторите велат дека маските се задолжителни.

Scroll to Top