Првоаприлски шеги во кои сите поверувале

Денес е 1 април, Ден на шегата. Вистинското потекло на првоаприлските шеги не е утврдено, но сигурно дека многумина на нив многу лесно наседнуваат.

Ова биле некои од најдобрите шеги во кои светот поверувал:

1. Во 1962 година, телевизорите во боја биле вистинска реткост. Шведската национална телевизија тоа го искористила и на своите гледачи им пласирала информација дека своите црно-бели приемници веднаш можат да ги претворат во боја, ако преку апаратот навлечат најлон чорапи.

2. Во 1966 година, американската компанија за брза храна „Taco bell“, објавила дека од американската влада ќе го купи „Ѕвоното на слобода“ (прочуеното „Librety bell“) и дека ќе го применува во „Taco Librety bell“. Тоа ѕвоно е еден од најдрагоцените споеници од времето на американската револуција, па стотина луѓе протестирале.

3. Уважениот британски астроном Патрик Мур објавил на 1 април 1976 година, дека ретката положба на планетата привремено во целост ќе ја намали Земјината гравитација, поради што голем број на луѓе ќе можат да лебдат во воздух! Стотина случаи се јавиле во редакцијата за да прашаат дали експериментот успеал.

4. На 1 април 1998 година научниците на списанието „New Mexicans for Science and Reasons“, ја објавил веста дека група на американски држави во Алабама ја промениле вредноста на бројот Пи од математичката константа 3,14 на библиската 3.00, која е значително позгодна.

5. Славниот концептуален уметник Скагс објавува веќе со години дека на 1 април ќе организира посебна парада во Њујорк. Секој пат се собираат новинари, но можат само да заклучат дека повторно наседнале на првоаприлската шега. Сепак, упорно доаѓаат, затоа што никогаш не се знае.

6. Многу корејски и кинески сајтови пуштиле на 1 април 2003 година вест, дека СИ-ЕН-ЕН објавил дека е убиен сопственикот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс. Резултатот од тоа бил вкупен пад на акциите на корејската берза за 1,5 проценти.

7. Британскиот весник „Daly Mail“, објавил на 1 април 2006 година дека британскиот премиер Тони Блер ја префарбал во црвена боја вратата „Downing Street“, која традиционално е офарбана во црно, додека „Times“ објавил текст за новиот заштитен систем на кредитни картички кои се активира со пеење.

 

 

8. Шведскиот водечки дневник „Dagens Nyhter“ ги исплашил на 1 април 2006 година, илјадници велосипедисти, со тврдењето дека стокхлонските власти воведуваат ограничување на брзината за велосипедистите на 20 километри на час во центарот на градот.

9. Во Белгија истата година, радиомрежата „VRT“ јавува дека регионалната влада во Фландрија толку била загрижена поради влијанието на тмурното време во земјата врз населението, што одлучила да им врачи 10.000 „сончеви чекови“ на граѓаните за бесплатна посета во солариум.

10. Познатиот ланец за брза храна „Бургер Кинг“, во 1998 година објавил голем оглас во весниците во кој го претставил хамбургерот за левораките. Компанијата објаснила дека тој ќе остане ист како и оригиналниот, само сите состојки ќе бидат заротирани за 180 степени за да не се излизгаат од десната страна на хамбургерот.

 

Scroll to Top