Првото бебе мајмун што се роди во зоолошка ќе се вика по медената Атиџе

Во скопската Зоолошка градина вчера се роди првото бебе во оваа година. Првото бебе е мајмун од видот патас. Полот на мајмунчето сè уште не е познат, но надлежните веќе знаат како ќе се вика доколку е женско. Велат дека ако е женско, мајмунот ќе го добие името Атиџе, и тоа по името на главната актерка од филмот „Медена земја“, првиот македонски филм со две номинации за Оскар.

Scroll to Top