Првото бебе во 2021 година е машко

Првото бебе родено во 2021 година во Македонија е машко. Се роди една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

За мајката Бојана Смилеска од Скопје ова е второ дете. Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Бебето денеска ќе го посети министерот за здравство Венко Филипче.

Scroll to Top