Пукано во српски ММА борец, лекарите се борат за неговиот живот

Српскиот ММА борец, Владимир Јовановиќ – Марадона, е во тешка состојба, откако утрово во него пукал непознат напаѓач.

Трагичниот инцидент се случил во Панчево, околу 7:30 часот наутро, кога 29-годишниот Јовановиќ излегувал од градинката каде го оставил своето дете.

Според српските медиуми, непознатиот напаѓач испукал седум куршуми во ММА борецот. Тој набргу бил пренесен во болница, а лекарите повеќе од пет часа се борат за неговиот живот.

Последниот меч Јовановиќ го имал на 7 април. Овој месец требал да се натпреварува во Словачка.

Scroll to Top