Путин дозволи Русинките да имаат секс со странците

Тврдењата на шефицата на парламентарната комисија за семејство, жени и деца, Тамара Плетнева, која ги повика Русинките да немаат секс со странците, предизвикаа голема реакција во јавноста. Приказната за стравот на Плетнева дека на овој начин би можело да дојде до зголемување на бројот на децата од мешани раси, ја пренесоа голем број на светски медиуми.

По ова прашање се огласи и рускиот лидер Владимир Путин, кој овие тврдења ги отфрлил и наводно им дозволил на жените да можат да имаат секс со страницте за време на Мундијалот.

Мислењето на Кремљ по ова прашање го изнесе портпаролот Дмитриј Песков.

„Русинките се најдобрите жени на светот и самите ќе одлучат што сакаат да прават“, изјавил портпаролот на Кремљ, запрашан да го прокоментира коментарот на Тамара Плетнова.

Песков изјавил дека Кремљ нема никаква врска со таа тема, пренел Вашингтон Пост.

„Што се однесува до руските жени, тие самите ќе одлучат. Тие се најдобрите жени на светот“, изјавил Песков.

 

 

Пред почетокот на Мундијалот, Плетнова ги предупредила девојките да не стапуваат во сексуални односи за да не си создадат голем број на проблеми. Кај неа постоел страв дека ќе се раѓале деца во семејство со еден родител, или пак децата ќе заминат со нивните татковци.

„Дури и ако се случат бракови по таквите ситуации, девојките не знаат од нив како да се извлечат. Тогаш ќе доаѓаат во мојата комисија, ќе плачат, ќе им ги одземат децата и така натаму“, изјавила Плетнова и потсетила на тоа што се случило за време на Олимписките игри одржани во Москва во 1980 година, кога драстично пораснал бројот на самохрани мајки.

 

 

Scroll to Top