Бил Гејтс основачот на компанијата Мајкрософт, и еден од најбогатите луѓе на планетата, во 1999 година објавил книга под името „Бизнис бризна мисли“, во која направил 14, за тоа време, прилично смели предвидувања. Но, Гејтс успеал да погоди работи кои ги навел, и кои во последните неколку години со напредокот на технологијата се обвистиниле.
Во продолжение погледнете кои од 14 предвидувања на Гејтс, од пред 20 години, се остварија.
Сајтови за споредба на цените
„Сервисите за автоматско споредување на цените ќе бидат создадени, што ќе им овозможи на луѓето да видат и да ја споредат цената на различни сајтови“, напишал Гејтс.
Мобилни уреди
„Луѓето со себе носат мали уреди кои ќе им овозможат да континуирано бидат во контакт и да ги завршуваат своите бизниси каде и да се. Можат да ги следат вестите, да ги видат летовите кои ги резервирале, да добиваат информации од берзата, и да работат сешто“, истакна основачот на компанијата Мајкрософт на крајот на 20 век.
Инстант плаќања и подобри здравствени патишта преку интернетот
Луѓето ќе плаќаат сметки, ќе се грижат за своите финансии и ќе комуницираат со докторите преку интернет“, изјави Гејтс во 1999 година.
Лични асистенти и интернет работи
„Во блиска иднина, ќе се креираат и лични асистенти. Тие ќе поврзуваат и ќе ги синхронизираат сите наши уреди на паметен начин, без оглед дали сме во канцеларија или по дома. Уредите ќе ги поврзуваат нашите мејлови и нотификации, а истовремено ќе ви ги овозможат сите потребни информации. Кога ќе одите на работа, ќе можете да му кажете кој рецепт сакате да ви го подготви, а тој ќе ви напише листа ан состојки кои се неопходни да ги купите.
Надзор на куќата преку интернет
„Константниот видео-стриминг по дома е вообичаена работа. Ќе добиваме извештаи кога некој ќе не бара додека не сме по дома“, ова е уште една од работите кои Бил Гејтс ги предвиде во својата книга.
Социјалните мрежи
„Приватните сајтови каде ќе можете да комуницирате со пријателите и семејството и заедно да ги планирате настаните, ќе стане ваша секојдневица“, напиша Гејтс предвидувајќи го она што денеска го познаваме како социјални мрежи.
Автоматски противни понуди
„Софтверот кој знае кога сте резервирале пат, ја користи таа информација за да ви сугерира активност и попусти за дестинацијата на која патувате. Ова нешто ќе стане ваша вообичаена работа“, истакна претходно основачот на Мајкрософт.
Сајтови во живо за спортска дискусија
„Додека гледате некој спортски натпревар на телевизија, овие сервиси ќе ви овозможат дискусија во живо“, напомена Гејтс во 1999 година.
Паметно рекламирање
Уредите ќе имаат паметно рекламирање. Значи за тоа што ќе го купуваме, ќе прикаже реклами, во зависност од нашите интереси“, предвидел Гејтс.
Линкови до сајтовите во текот на телевизиските програми во живо
Телевизиските преноси ќе вклучуваат линкови како релевантни сајтови и содржини во зависност од она што се прикажува, пишува во книгата на Бил Гејтс.
Онлајн дискусии
Жителите од градовите и земјите ќе можат на интернет да изнесат ставови околу проблемите со кои се соочуваат на локално ниво, како што се безбедноста, плранирањето, локалната политика, изјавил Гејтс. Денеска имаме сајтови кои овозможуваат коментирање во реално време на горчливи темо од нашето општество.
Сајтови базирани на интереси
Онлајн заедницата нема да зависи од локацијата, туку од вашите интереси, предвидел Гејтс.
Project-management software
„Менаџерите на проектите кои се обидуваат да состават тим, ќе можат да го направат тоа преку интернет, каде ќе го опишат проектот, и ќе ги префрлат препораките за луѓето кои одговараат за она што го бараат“, напишал Гејтс.
Онлајн вработување
На сличен начин, луѓето кои бараат работа ќе можат да пронајдат понуди преку интернет во зависност од своите интереси, потреби и вештини, напоменал милијардерот.