Иако заради коронавирусот многу луѓе се во карантин или изолација, постојат работи што може да ги правите за да не ви биде здодевно. Карантинот не треба да го сфатите како казна, туку како превенција и осмислен план за 14 дена да се одморите од сè, а притоа времето да го искористите квалитетно. Ова се неколку работи што може да ги направите ако сте изолирани од околината…
Постојано се жалиме дека немаме време за добра книга, која би сакале да ја прочитаме, но брзиот начин на живот не ни го дозволува тоа. Со добра книга, времето брзо поминува, а ние ќе бидеме задоволни.
Онлајн забава, игри, учење јазик, виртуелно патување во светот. Пијте кафе и разменувајте приказни преку интернет.
Филмови и омилени серии, сега имате време за нив да ги гледате на мир, внимателно да ги следите нивните содржини, кои постојано ги пропуштате поради недостиг на време.
Среден стан – корисно, практично, големо чистење, бидејќи кога ќе заврши карантинот сè ќе ви биде на свое место, а животот ќе биде полесен.
Вежбајте, тоа е добро за кондиција. Еден од предлозите е и јогата, која целосно нè враќа на самите себе. Пожелна е медитацијата.
Шестата работа која може да ви го исполни времето додека сте во изолација е и пресадувањето цвеќе и средувањето на балконот. Сепак, и погледот преку прозорец не е лоша работа.