Радио Бубамара е најслушано радио во Скопје, во мометов и има неколку пати поголема слушаност преку Интернет во однос на другите радио станици. Ова е според најновото истражување за слушаноста на радио-станиците преку нивните стрим-сервиси.
Во истражувањето, спроведено на 27 март, преку линковите од стрим сервисот на поголем број радио станици утврдено е дека дневно најголем пик на слушатели во исто време имала Радио Бубамара со 1095 слушатели, следуваат 730 слушатели на Радио Фортуна, 550-те слушатели на Скај радио, на 4 место се Антена 5 со 405 слушатели, Канал 77 309 слушатели, Сити радио 300 слушатели.
Во Скопје во просек дневно се движат околу 60 до 70 илјади возила, а повеќето од возачите ги слушаат своите омилени радио станици и во просек поминуваат околу 60-80 минути во автомобил, се вели во истражувањето.
И според последното истражување нарачано од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АМВУ) кое го подготви агенцијата М-Висион објавено во декември 2018 година – Радио Бубамара е најслушана фрекфенција во Скопје.