Ранец „Луј Витон“ поскап од стан

By

Новиот ранец на модниот бренд „Луј Витон“ е направен од ретка крокодилска кожа, а чини 79 000 долари. На социјалните мрежи се коментира дека тој е поскап од луксузен автомобил и стан. Ранецот има прстени од квалитетна кравја кожа, а поставата е од телешка кожа. Има и два џеба со патент, еден внатрешен, еден надворешен и двоен џеб однатре.

dobivaj vesti na viber

Ранецот е дел од машката колекција есен-зима 2018. Тој може да се купи во бутиците на „Луј Витон“, но и преку нивната интернет-страница.

 

Ќе ви се допадне