Расел Кроу го поздрави доворот меѓу Македонија и Грција

Холивудската ѕвезда Расел Кроу на својот Твитер профил кажа дека ги сака Македонија и Грција и дека се надева дека ќе успее договорот за името. 54-годишниот актер е на одмор во Италија од каде се јави со свој коментар, по договорт на Заев и Цирас.

„Случајни мисли од Фиренца. Ја сакам Грција. Ја сакам Македонија. Се надевам дека сè ќе заврши како што треба“, напиша Кроу . Расел Кроу е еден од најпопуларните актери во Холивуд, а славта ја стекна со улогата на римскиот генерал Максимус во филмот „Гладијатор“.

 

Scroll to Top