Редок примерок од првата книга „Хари Потер“ продаден за преку 50 илјади евра

Редок примерок од првото издание на книгите за Хари Потер е продаден на аукција во Велика Британија за речиси 53.000 евра. Првите сопственици ја сочувале книгата на Џ.К Роулинг повеќе од 20 години. Станува збор за книгата „Хари Потер и каменот на мудроста“, со тврда подврска. Семејството кое ја поседувало се одлучило на ваков чекор откако чуле дека овие изданија имаат висока колекционерска вредност.

Се работи за издание од 1997 година и е многу ретко, бидејќи било издадено во само 500 примероци. Очекуваната цена била меѓу 30 и 35 илјади евра. Исто така, книгата била одлично сочувана, како штотуку да излегла од печатница, а тоа дополнително ја покачило цената на примерокот.

Првото издание било испечатено во 500 примероци, од кои само 300 се продавале во книжарниците, а
останатите Џ.К. Роулинг ги подарувала на пријатели. На аукцијата се продале и неколку примероци кои биле
потпишани од неа.

Scroll to Top