Рекордна посетеност во „Театар комедија“

„Театар комедија“ во 2019 година оствари рекордна посетеност. Театарот за една година има 46.609 посетители, а 179 одиграни претстави. Лани се реализираа пет премиери, од кои четири на големата сцена, а една на мала сцена. Театарот изврши споредба и на бројот на изведби и посетители помеѓу 2017 и 2019 година, при што се утврди пораст на бројот на изведби од 62,7 проценти и пораст на посетеноста за 60 проценти.

„Со овие бројк се потврди дека ‘Театар комедија’ бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава“, велат оттаму.

За потсетување, на репертоарот на „Театар комедија“ играат претставите: Вардарски пастуви, Стјуардеси, Не сакам да платам, Жена ми се вика Борис, На отворено, Жени пред нервен слом, Викенд на мртовци и други…

Scroll to Top