Сопствениците на ресторан од Скопје вработуваат лица со Даунов синдром. Станува збор за ресторанот Revija bar & food во населбата Лептокарија, а од таму, на социјалните мрежи, објавија оглас за вработување, со кој се охрабруваат сите лица со попреченост и Даунов синдром да аплицираат за работа бидејќи, како што велат тие, „трудот не познава граници“.
„Ги охрабруваме лицата со Даунов синдром и попреченост да се јават на нашиот оглас. Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“ – пишува во огласот.