Родила шест деца за девет минути

Пред два дена, Телма Чиака од Тексас роди шесторка, два пара близнаци и еден пар близначки, помеѓу 4:50 и 4:59 во Женската болница во Тексас.

Сите се во стабилна состојба и моментално се наоѓаат во неонатална единица за интензивна нега, со оглед на тоа дека се родени со мала телесна тежина. Момчињата сè уште немаат имиња, а девојчињата ќе се викаат Зина и Зуриел.

Фотографијата на среќната мајка во болница е објавена на Фејсбук, а на неа е и братучетката Ебере Офор, како и членовите на неонаталниот тим. Покрај фотографијата напишаа дека шансата за шесторка е проценета на 1 спрема 4,7 милијарди.

Scroll to Top