Ротердам ќе биде домаќин на Евровизија 2020

Јубилејното 65. издание на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, соопшти денеска ЕБУ. Во трката помеѓу холандските градови за организирање на Евровизија, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрихт. Полуфиналните вечери ќе се одржат на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај во арената „Ахој“.

„Ротердам покажа голем ентузијазам и ангажман, а во исто време има вистинска инфраструктура за да биде домаќин на делегации од повеќе од 40 држави“, изјави извршниот продуцент на Песна на Евровизија, Јон Ола Санд.

Холандскиот пејач Данкан Лоренс победи на овогодишната Евровизија во Тел Авив. Холандија првпат по 1975 година ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија, а до сега петпати беше организатор на музичката манифестација.

Scroll to Top