Розовите фламинга го преплавија западниот брег на Албанија

Бројот на розовите фламинга на западниот брег на Албанија е зголемен трипати откако земјата е во карантин поради пандемијата со Ковид-19, објави „Еуроњуз“.

„Розовите фламинга во големи јата летаат во Албанија и се забавуваат во солената вода на крајбрежјето во западниот дел на земјата. Бројот се зголеми трипати, а може да се забележи како уживаат во новото секојдневие поради карантинот условен од Ковид-19“, стои во нивниот натпис.

Освен фламингата, се големи и бројот на кадравите пеликани.

„Кадравите пеликани цутат во спокојството. Нивните старатели се надеваат дека смиреноста ќе ги натера птиците да се репродуцираат“, пишува „Еуроњуз“.

Задоволството од тоа го искажа и албанскиот премиер Еди Рама.

„Добро утро. Какво волшебство има Албанија“, напиша Рама на „Фејсбук“ покрај фотографија од летот на розовите фламинга.

 

Scroll to Top