Розовото езеро Хилер во Австралија сè уште мистерија за научниците

Езерото Хилер се наоѓа во Западна Австралија, поточно на средниот остров, кој е најголем во архипелагот Ричрч, кој го сочинува група од 105 острови. Ова необично солено езеро се разликува од другите по тоа што неговата боја е розова.

Обрабено е со бела сол и опкружено со темнозелени шуми од еукалиптуси и други егзотични дрвја. Тесната лента на дини од бел песок го одделува езерото од длабоките води на океанот.

Езерото Хилер е долго 600, а широко 250 метри. Според некои тврдења, откриено е во 1802 година од Метју Финдерс. Во 1950 година група истражувачи се обиделе да откријат зошто водата е розова, но било констатирано дека во водата нема алги што вообичаено ја обојуваат водата.

Ни денес не е познато која е причината за силната розова боја на езерото. Според некои научници, можно објаснување за овој природен феномен се ниската концентрација на хранливи материи и различните видови бактерии и алги што егзистираат во него.

Инаку, тука порано била направена солана, која веќе не работи, а езерото било и ориентир за китоловците.

Капењето во езерото Хилер не е забрането, но е на сопствен ризик на љубопитните туристи.

Scroll to Top