Русите ги промовираа мундијалските сувенири

Организаторите на Светското првенство во Русија промовираа сувенири за најголемите љубители на фудбалот. Во сувенирниците се појавија фигури со ликот на претседателот на Русија, Владимир Путин, насликан како фудбалски судија. Во Русија постои голем интерес за фаберже јајцата со фудбалски пехар и за популарните бабушки, кои се со фудбалски мотиви.

Локалните угостители се надеваат дека за време на Светското првенство добро ќе се продаваат и колбасите со фудбалски обвивки.

Scroll to Top