Русите не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот

Повеќето Руси не сакаат да се вакцинираат против короната, покажа новата студија направена со земјата. Според неа, само 42 проценти од испитаниците би се согласиле да ја примат вакцината „Спутник 5“.

На прашањето дали би ја примиле вакцината, 52 отсто велат дека не сакаат, оти сметаат дека не е безбедна, покажа испитувањето на државната агенција WCIOM.

„Ова е интересна ситуација во нашето општество. Сакаме гаранција дека нема да се инфицираме, но повеќето не планираат да се вакцинираат. Зошто? Се плашат и не ѝ веруваат на вакцината“, изјавил Валери Федоров, шефот на WCIOM.

Првата светска вакцина за спречување на Ковид-19, изработена од Центарот за истражување „Гамалеј“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, беше регистрирана од Русија на 12 август. Вакцината беше наречена „Спутник 5“.

Scroll to Top