Салата каде требаше да се одржи Евросонг е претворена во болница

Концертната сала Ахој во Ротердам, во која во мај требаше да се одржи Евровизија ќе биде претворена во болница за болните од корона вирусот во Холандија. Раководството на салата соопшти дека е предвидено да се постават 680 болнички кревети. Како што е веќе познато откажано е и годишното издание на Евровизија или барем онакво како штo го знаеме до сега. Сепак организаторите информираат дека шоу ќе има но на интернет со учесниците од своите домови и многу емисии поврзани со овој музички настан.

Scroll to Top