Само ако ве фатам во секс: Сицилијански градоначалник се закани дека ќе демне и по кревети

Градоначалникот на сицилијанскиот град Месина, Катено де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупредил граѓаните во најновото видео обраќање од неговиот кабинет да ги почитуваат ограничувањата и забраните наметнати во времето на епидемијата на коронавирус.
Тој потсетил дека не е дозволено групно дружење или „романтичен риболов“, што е локален термин за љубовни состаноци.
„Пазете се, само  ако ве најдам како се бакнувате, гушкате, а ниту она другото не е дозволено“, рекол Де Лука. “Засега, на љубовен план, мора да се држиме до тотална апстиненција. Да бидеме јасни, тешко на оној што го крши правилото за апстиненција. И повторувам, тоа важи до  31. октомврина , тотална апстиненција”, рекол тој. Во своето последно обраќање, тој  им рекол на граѓаните на Месина дека мора да се воздржат од секс и дека дури и дома и во кревет мора да држат растојание од најмалку еден метар.

Претходно, Де Лука воведе дронови за контрола дали граѓаните на Месина ја почитуваат забраната за напуштање на куќата. Беспилотните летала прелетаа не само низ градските улици, туку и селата и шумските патишта, и беа опремени со звучници преку кои градоначалникот налутено им се обраќаше на оние кои беа надвор .

 

 

 

Scroll to Top