Самохран татко посвои пет деца со попреченост

Бен Карпентер од Хадерсфилд Таун, Англија е самохран татко на пет деца. Сите деца се со попреченост, а тој вели дека токму поради тоа и ги посвоил. Бен, кој има три сина и две ќерки, првото дете го посвоил кога имал 21 година. Џек има аутизам, Џозеф е со Даунов синдром, а Ноа има вродени дефекти кои влијаат на рацете и на нозете. Ќерката Руби има Пјер-Роберов синдром, вродена аномалија на лицето и на дишните патишта, а Лили е глува.

„Мислев дека нема да ме прифатат како кандидат за посвојување затоа што сум сам, не сум женет“, изјавил Бен за „Дејли Мејл“, но службата за посвојување токму поради тоа му дала предност. Предност било и неговото работно искуство, оти работел во училиште за деца со потешкотии со развојот.

Според Бен, неговите деца живеат во идилична средина, а постарите многу се грижат за најмалиот, Ноа.

„Најмногу за тоа придонесува Лили, која им е како мајка на своите браќа и сестри. За сега не планирам да посвојам уште деца, но во иднина би сакал. Јас едноставно сакам да бидам татко“, рекол Бен.

Тој прима финанисиска помош која им следува на децата, но живее и од својата заштеда.

„Со пет деца, немам баш многу време да барам партнерка, да се посветам некому. Моите деца секогаш ќе ми бидат на прво место“, додал тој.

Scroll to Top