Едни од најпопуларните обувки во Југославија, гумените сандали од „Југопластика“, повторно се моден хит. Слични сандали како оние на „Југопластика“ од оваа сезона продава светскиот моден бренд „Гучи“. Нивните зелени и црни гумени сандали, на кои го има и логото на брендот, чинат речиси 500 евра. Сандалите на „Југопластика“, пак, на времето чинеа 10-ина евра.
Твитерџиите ги исмеаја новите сандали на „Гучи“. Многумина објавија фотографи на кои ги споредуваат старите и новите обувки со коментар дека ќе ги продадат на аукција за 300 евра ако ги најдат фрлени во некој агол во подрумот, останати од времето кога биле деца.