Сандалите на „Југопластика“, „Гучи“ ги продава за 500 евра

Едни од најпопуларните обувки во Југославија, гумените сандали од „Југопластика“, повторно се моден хит. Слични сандали како оние на „Југопластика“ од оваа сезона продава светскиот моден бренд „Гучи“. Нивните зелени и црни гумени сандали, на кои го има и логото на брендот, чинат речиси 500 евра. Сандалите на „Југопластика“, пак, на времето чинеа 10-ина евра.

Твитерџиите ги исмеаја новите сандали на „Гучи“. Многумина објавија фотографи на кои ги споредуваат старите и новите обувки со коментар дека ќе ги продадат на аукција за 300 евра ако ги најдат фрлени во некој агол во подрумот, останати од времето кога биле деца.

Scroll to Top