Сараевчанка влезе во германскиот парламент откако пред 28 години ја изгуби раката во војната во Босна

Јасмина Хостерт е една од дваесеттината пратеници со балкански корени, најмногу од Турција, како дел од новиот состав на германскиот парламент. Таа ја изгубила десната рака во Сараево во 1993 година, за време на војната во БИХ.

Раната ѝ се инфицирала, па нејзиното семејство било принудено да побара итна лекарска помош надвор од градот кој тогаш бил изложен на секојдневно гранатирање. На 10-годишна возраст таа и татко ѝ дошле во Бон, Германија, за да почнат нов живот, иако почетоците биле доста тешки и за двајцата.

 „Без познавање на јазикот и без какви било контакти, не знаевме како ќе ни тече животот понатаму и дали воопшто ќе останеме во Германија. Беше многу позитивно што брзо почнав да одам на училиште“, вели Хостерт.

Таа додава дека тоа ѝ помогнало да се интегрира во германското општество, но повеќе од десет години чекала да добие државјанство.

„Моето семејство и натаму живее во Сараево и го посетувам градот најмалку еднаш годишно“, вели Хостерт.

Хостерт дипломирала политички науки, а пред 12 години се зачленила во СПД и првпат беше кандидатка за пратеничка на изборите во 2017. Таа е членка на Социајлдемократската партија (СПД), која победи на федералните избори во Германија во неделата.

Scroll to Top