Се отвора Музеј на чоколада во Загреб

За еден месец Загреб ќе добие уште едно супер место за посета – Музеј на чоколадото.

На официјалната фејсбук-страница на новиот музеј веќе има позитивни коментари за идејата, а многумина нестпливо го чекаат крајот на октомври за да го посетат местото . Како е наведено на страницата, на посетителите ќе им понудат незаборавно искуство.

„Музеј на чоколадото Загреб е тематски парк посветен на чоколадата, нејзината историја, географско и културолошко значење. Преку креативен пристап, посетителите ќе ги однесеме на пат низ времето и просторот, надразнувајќи ги сетилата за вид, мирис, допир, слух и секако вкус. На сите љубители на чоколадата во продавницата на музејот им нудиме можост и да купат некои од производите од асортиманите на малите хрватските чоколатерии. Сакаме да ги поврземе вистинските љубители на чоколадата со искусните произведувачи на оваа неверојатна намирница“, се вели во описот.

Сите љубопитни посетители ќе имаат и едукација како да препознаат вистинска чоколада.

Пред неколку дена на истата страница беше поставен и оглас за работа на повеќе позиции – водич на посетителите, водење на работилници со чоколада, работа во продавницата во рамки на музејот,  за што претходно ќе имаат и соодветна обука, а искуство не е потребно. За оние што не можат да живеат без чоколада – работа од соништата.

Со овој музеј Хрватска им се приклучува на Швајцарија, Германија, Белгија, Австрија, Франција, Унгарија.

Scroll to Top