Се продава автомобилот што Дајана го доби како свршенички подарок од принцот Чарлс

На аукција во Велика Британија ќе се продава автомобилот Форд ескорт гиа oд 1981 гoдинa, што принцот Чарлс ѝ го подарил на Дајана за веридбата.

Светлосивиот автомобил Дајана го добила два месеца пред свадбата. Тој ѝ служел како автомобил за лични патувања до август 1982 година. Автомобилот поминал 133.000 километри, но е во добра состојба. Тој е со фабрички бои и оригинален внатрешен тапацир. Како бонус се нуди и оригинален регистарски број WЕV 297W, со кој управувала самата Дајана.

Интересна карактеристика на овој Форд е талисманот, сребрена жаба на капакот, кој е копија на подарокот што лејди Сара Спенсер ѝ го дала на Дајана, а треба да потсетува на приказната за принцезата и жабата.

Лани на аукција беше продаден друг личен автомобил на Дајана, кабриолетот Ауди 80 oд 1994 гoдинa, кој го возеше во времето кога беше најпопуларна. Овој автомобил е продаден за 58.000 фунти.

Аукцијата е закажана за 29 јуни.

Scroll to Top