Се продава лозинка за „Фејсбук“ за 2,6 долара

Информации за корисничко име и лозинка за Фејсбук од страна на хакери се продаваат за само 2,6 долари, се вели во ново истражување на интернет-страницата „Мани Гуру“.

Извештајот е објавен кусо по сознанијата за големиот упад во 50 милиони профили на Фејсбук. Во истражувањето се напоменува дека хакираните  адреси на е-пошта и лозинки се продаваат на т.н. „Дарк веб“ (дигитално подземје).

Истражувањето било засновано врз достапност до лозинки од 26 најчесто користени профили на интернет. На тој сив интернет-пазар може да се купат и финансиски податоци, на пример, за кредитни и дебитни картички – тие чинат од 14 до 19,5 долари.

Така, практично е можно да се купи чиј било онлајн идентитет за помалку од илјада долари.

Scroll to Top