Се самоуби австралиската ѕвезда на „ТикТок“ ден откако го сподели последното видео

Тинејџерката Кејти Лоан од Австралија, која беше ѕвезда на „ТикТок“, изврши самоубиство, пренесува „Daily Mail“.

Кејти имаше само 19 години, а ја следеа повеќе од 67.000 луѓе на „ТикТок“, каде што претежно објавуваше снимки од нејзината фарма во Тасманија, покажувајќи го својот секојдневен живот, љубовта кон животните и работата на фармата.

Тажната вест ја потврди таткото на починатата девојка, наведувајќи дека Кејтлин се самоубила само еден ден откако го објавила последното видео на споменатата мрежа.

„Таа беше сакана, позитивно луда, млада личност, со непроценлива вредност за нашето семејство. Нема зборови со кои може да се опише нашата тага. Таа беше насмеана и вредна“, рекол нејзиниот татко.

Кејтлин имаше многу обожаватели на „ТикТок“, на видеата што ги објавуваше постојано беше насмеана и се чинеше дека е навистина среќна. Таа беше тренер на австралискиот фудбал, а нејзините колеги и пријатели се збогуваат со неа на социјалните мрежи.

 

Scroll to Top