Се самоуби министерот за финансии во германската покраина Хесен поради коронавирусот

Министерот за финансии во Хесен, Томас Шафер, се самоуби во Франкфурт, а се претпоставува дека причина се финансиските тешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирус.

„Шафер беше многу загрижен за тоа дали ќе може да ги исполнува огромните очекувања на граѓаните за финансиска помош“, изјави федералниот премиер Хесен Волкер Буфиер.

Во говорот пред јавноста, тој рече дека Шафер бил очаен заради финансиската криза во Германија.

„До последен момент тој работеше деноноќно за да ја стави оваа криза финансиски и организациски под контрола. Морам да започнам со фактот дека тие грижи се смирија“, рече Буфиер.

Томас Шафер беше пронајден мртов на железничката пруга во Франкфурт. Полицијата сега го истражува самоубиството, а „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ известува дека Шафер оставил и проштално писмо. 54-годишниот Шафер, оженет и татко на двајца, се сметаше за потенцијален наследник на Буфиер на чело на партијата за сојузната држава Хесе.

Scroll to Top