Се скарал со папагалот, па реагирала полицијата

Полицијата на југот на Германија морала да реагира поради „караница во семејството“, но установила дека е во прашање маж кој се „скарал“ со папагалот.

Жител на Лерах, место во близина на границата со Швајцарија, вчера повикал полиција за да пријави караница во станот покрај неговиот. Полицијата дошла во станот каде што се одвивала караницата, но утврдила дека расправијата на 22-годишното момче е со папагал.

Момчето во полиција рекло дека папагалот, кој инаку припаѓа на неговата девојка, го нервирал. Папагалот на неговото викање возвраќал со гласни звуци. Полицијата навела дека папагалот не знае да зборува. Бидејќи во овој случај немало повредени, полицијата си заминала, пренесува АП.

Scroll to Top