Се снима ТВ-серија за Слободан Милошевиќ

Во март следната година во Белград ќе почне снимањето на серијата „Семејство“, во која ќе биде раскажан животот на членовите на семејството на Слободан Милошевиќ. Серијата ќе се фокусира на последните 72 часа од животот на Слободан Милошевиќ во Србија, пред да биде уапсен и испорачан во Хаг. Токму затоа се очекува серијата да привлече големо влијание, особено во регионот.

Зад проектот, кој ќе има пет епизоди, стои продукциската куќа „Фаерфлај“, а режисер и сценарист на серијата е Бојан Вулетиќ.

 

Scroll to Top