Се сончала гола на терасата, соседот ја пријавил

Загрижен жител на Осиек (Хрватска) деновиве се јавил во редакцијата на „Гласот на Славонија“ преку електронска пошта информирајќи ги за една девојка што  се сончала гола на терасата прашувајќи дали воопшто тоа е законски.

На соседот му пречел тој чин додавајќи дека девојката се сонча гола секој ден, а отспротива живеат семејства со мали деца.

– Речиси секој ден може да се види како во соседната зграда на терасата се сонча гола една девојка. Тоа не е соодветно со оглед дека преку пат живеат семејства со мали деца. Кога и да излезат децата на терасата, мора да гледаат голотија, па ме интересира дали тоа според нашиот закон е забрането – напишал загрижениот жител на Осиек.

 

Весникот проверил во полиција, од каде што им било соопштено дека за таков чин казната е од 185 до 750 куни (од 1.500 до 6.200 денари).

Scroll to Top