Руските тинејџери Ина Савинчева и Данил Парфенович, кои биле евакуирани од кинескиот град Вухан заради коронавирусот, се запознале и се заљубиле додека биле во карантин. Русија на почетокот на месецот евакуираше 140 граѓани од Кина и ги смести во карантин на клиниката во сибирскиот град Тјумењ.
Според порталот The Moscow Times, во периодот кога биле изолирани од остатокот од светот, 18-годишните Ина и Данил се заљубиле. Тие се запознале додека го чекале авионот за евакуација на аеродромот во Вухан. Савинчева работела во Кина како новинарка, а Парфенович студирал таму. Поочнале разговор и ја откриле заедничката љубов кон музиката и технологијата.
„Ми зборуваше за музика, а јас ѝ зборував за скулптури и убавите планови за живот. Во очите ни се појавија искри и нашите срца почнаа побрзо да чукаат кога и да се погледневме“, рекол Данил.
Според него, лекарите од карантинот не се противеле на нивната врска, но Ина подоцна била изолирана бидејќи се разболела од други болести. Данил во последните неколку дена не можел да ја види, заради што го поминале разделено и Денот на вљубените.
„Сакавме да бидеме заедно, но за жал не испадна така… Сепак, задоволни сме од сè друго“, рекол тој.
Двајцата се покажало дека се негативни на коронавирусот и ќе бидат пуштен за неколку дена. По ова планираат да останат во Тјумењ и заедно да го истражуваат градот штом излезат.