Се заглави Дедо Мраз на јажето, му ја сечеа брадата за да стигне кај болните деца

Дедо Мраз иако остана без брада додека се спушташе по јажето, сепак, успеа да дојде преку терасата кај болните деца во Клиниката за детски болести и на Клиниката за онкологија, за да им подели новогодишни пакетчиња. Иако искусен, сепак доедка се спуштал по јажето, најпрво му се заглавла брадата на јажето на вториот кат од Детската клиника. Така заглавен, не можел ни нагоре ни надоле, па мораа да го спасат од Црвениот крст, кои со ножички му ја исекле  брадата, за да се ослободи. Ослободен влезе кај децата кои неизмерно му се радуваале , пишува Нова Македонија.

Во улогата на Дедо Мраз, беше член од тимот за спасување на планина на Црвениот крст. Во пресрет на новогодишните празници, тимот за спасување на планина, како дел од тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на градот Скопје и волонтерите на Црвен крст Центар всушност сакаа преку показна вежба да ги израдуваат децата што во моментов се на болничко лекување. Над сто новогодишни пакетчиња им беа поделени на децата што се лекуваат во Детската болница во Козле. Пакетчињата се донација од бугарското министерство за надворешни работи.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Scroll to Top