Се запалил авионот со кошаркарите на „Жалгирис“

Авионот со кој летале играчите и стручниот штаб на кошаркарскиот клуб „Жалгирис“ се запалил при слетувањето во Атина. Инцидентот се случил вчера поради дефект на едно од тркалата. Кога авионот ја допрел пистата тркалото се запалило, но никој од играчите не забележал.

Смирената реакција на пилотот и брзата интервенција на противпожарната служба на аеродромот спречиле пожарот да заврши со фатални последици.

Играчите на „Жалгирис“ не забележале ништо чудно, а за инцидентот дознале дури откако го напуштиле леталото.

„Кога ги земавме куферите ни кажаа што се случувало. Летот беше нормален, сè беше вообичаено. Сепак, не ни беше сеедно кога слушнавме дека сме биле во опасност“, рекол тренерот на клубот, Шарунас Јасикевичиус.

Scroll to Top