Седум медали за лицата со Даунов синдром во Белград

Младите со Даунов синдром освоија седум медали на меѓународниот натпревар за лица со посебни потреби „Београд опен 2019“ што се одржа минатиот викенд. Тие се натпреваруваа во две категории – атлетика и пливање, а лицата со Даунов синдром од македонскиот фудбалски клуб „Карпошово“ одиграа пријателски натпревар со „Мунгоси“ од Србија.

На манифестацијата што се одржа шести пат учествуваа 20 држави со повеќе од 700 натпреварувачи на возраст од 15 до 26 години. Тренери од Македонија на децата се Борче Боев и Радован Велјановски, кои работат волонтерски.

 

Нашата репрезентација во Белград ја предводеше здружението „Трисомија21“ од Скопје, во соработка со Дневниот центар за лица со Даунов синдром.

 

Scroll to Top