Заборавете го чувството на нелагодност дека треба да се вратите повторно на работа по породувањето. Самото искуството со раѓањето дете ви носи бројни предности кои ќе ги изненадат вашите колеги. Можеби се грижите дека сте „излегле од шемата“. Или се чувстувате по малку несигурно и вознемирено. Меѓутоа, мајчинството носи скриени предности на сите нивоа, како во практична, така и во емоционална смисла. Пораѓањето и грижата за мало дете бара внатрешна сила која само мајките можат да ја развијат.
Имате повеќе трпение
Ако некогаш сте се обиделе да направите нешто на брзина, без разлика дали се работи за успивање на бебето или спремањето брз оброк додека бебето ползи, тогаш сигурно знаете дека нема никаде да стигнете во животот ако не сте многу трпеливи.
Способност да го одвоите битното од небитното
Неверојатно е колку можете да ги ислушате и да ги „преработите“ канцелариските трачеви додека брзате да стигнете во градинка на време. Според едно истражување, двајца од пет менаџери веруваат дека мајките работат побрзо, а секој трет вели дека мајките се повеќе мотивирани од жените што не се мајки.
Поседувате вештини на управување
Можеби нема да забележите дека ги поседувате овие вештини сѐ додека вашето дете не наполни три или четири години, но со текот на времето ќе ја усовршите својата способност да го фалите на начин што ќе го мотивира. Истражувањата покажуваат дека опишувањето на работата на детето (на пр. „Гледам дека црташ зелен круг со жолт триаголник“) му помага да стане самостојно, а празните фалби од типот „колку си креативен“ или „прав уметник си“ попрво ќе имаат обратен ефект – детето ќе има впечаток дека не мора нешто посебно да се труди за да стане креативен уметник.
Имате нов поглед на работите
Па што ако вашиот тепих не е толку чист како порано?! Како нов родител, честопати сте приморани да се предадете на непредвидниот, неуреден живот, и да го усвоите принципот „што биде – нека биде“. Ова може да ви помогне во моментот кога одите на интервју за работа или подготвувате застрашувачката презентација. Кога ќе го поминеде породувањето и грижата за бебето во првите месеци од неговиот животот и ќе научите што сѐ значи да се биде мајка, тогаш ќе имате чувство дека буквално можете сѐ.
Веќе не сте опседнати со тоа да имате контрола над сите
Кога еднаш ќе станете мајка, потребни ви се луѓе кои ќе ви помагаат – вашата мајка, свекрва или бебиситерка. Ќе ви треба некој што ќе ви овозможи да останете на работа и тогаш кога е потребно да се задржите подолго од планираното. Па, ако до сега не сте се навикнале другите луѓе да ги извршуваат работите наместо вас – дури и ако не ги работат точно онака како што вие би сакале – време е да се навикнете.
Имате чувство за бизнис
Мајките се добри работодавачи поради својата способност да се фокусираат и поради својата работна етика. Работата со скратено работно време често пати знае да е слабо платена, а трошоците за градинка се големи. Затоа, многу мајки се одлучуваат да станат сами свои газди.
Супер располагате со времето
Со целата грижа околу оброците, ужините, попладневното спиење и сместувањето во кревет, ќе видите колку малку време, всушност, има една мајка. Родителството значи постојано балансирање и организирање на времето на најдобар можен начин. Затоа помала е веројатноста дека ќе се чувстувате пренатрупани на работа оти знаете што ви се случува дома постојано со децата. Кога имате бебе, морате да се ориентирате спрема него и некои работи мора да се случуваат во одредено време, а планирањето на времето и средувањето на приоритетите се од клучна важност.